Дигитален маркетинг и мали бизниси- трендови во 2020 -
digitalen marketing trends

Дигитален маркетинг и мали бизниси- трендови во 2020

Сопствениците на мали бизниси може да го преиспитуваат нивниот пристап кон дигитален маркетинг за евентуално истиот да го променат во стратегијата за 2020 година. Еве мал список на вештини што му се потребни на секој мал бизнис за да „преживее“ и се унапреди во 2020 година.

  1. Веб дизајн

Вашиот веб сајт е вашата дигитална „фасада“  во многу случаи, тоа е првото нешто со што вашите купувачи стапуваат во контакт кога пребаруваат што продавате.

  • Дали вашиот веб сајт е добар репрезент на вашата компанија и на производите кои ги нудите?
  • Дали корисничкото искуство резултира со продажба?
  • Дали структурата на сајтот е солидна и безбедна?
  • Дали е оптимизиран за пребарувачите?
  • Дали содржините одговараат на прашањата на потрошувачите?
  • Дали вашиот сајт ги претвора посетителите во купувачи?

Од круцијално значење е основното разбирање на сајт структурата и искуството на самиот корисник.

Да имаш познавања или конкретни знаења за функционирањето на WordPess е голема предност за сопствениците на мали бизниси. Овде не се мисли на способноста да се изгради комплетен веб сајт од нула, туку на доволното знаење да кога ќе се појави проблем го решат без да го прекинуваат текот на своето работење.

  1. Сеопфатни способности за пишување

Вештините за пишување, како и способноста за пишување на контенти, се клучни во дигитален маркетинг и ќе продолжат да растат по важност и во претстојната 2020.

Пишувањето за веб страна бара два посебни сета на вештини:

  1. Способноста да се напише контент кој привлекува, вклучува и конвертира клиенти.
  2. Техники за SEO со цел да се постигне поголема кредибилност на страната

  3. Развој и распоредување на стратегија

Се повеќе мали бизниси бараат маркетинг совети. Некои од нив стигнуваат до ниво каде развојот на комплетна стратегија за дигитален маркетинг е крајно потребен.
Целите се срцето на секоја развојна стратегија.

Многу мали бизниси првенствено се посветуваат на тактиките. Некои едноставно ги прифаќаат наредбите на своите шефови (на пр. Остварете поголеми продажби) и ретко употребуваат своја експертиза како би постигнале успех.
Неопходно е секогаш да се има една стратегија на бизнисот, дигитален маркетинг или што било од работењето, баш како и навигацијата на телефонот која покажува каде вие се насочувате и кон што се приближувате, ви ја покажува најдобрата рута до целта навремено и точно.

  1. Анализа на податоци

Огромен е недостатокот на маркетари кои што се умешни во анализата на податоците. Истражувањата покажуваат дека само 3% од маркетарите се поткрепени со знаење за обработка на податоци.
Во стратегијата на дигитален маркетинг, секој посетител, преглед, клик и споделување е следено и евидентирано. Всушност, тоа се толку многу податоци оставени на располагање на малите бизниси што е многу лесно се утврди месечната успешност на самото работење. Се разбира дека во маркетингот креативноста и умешноста се доста важни, но исто толку важни се и мерењата и анализите на резултатите.

  1. Социјални медиуми

Секој мал бизнис во 2020 треба да биде редовен корисник на социјални медиуми , лично и професионално, што бара вклучување во социјалниот свет.
За да се биде конкурентен бизнисот треба да поседува финеси на социјални медиуми, да биде способен да пренесува приказни добро, како и да знае да генерира приказни пренесени од неговите опоненти. Ако еден бизнис има блог или веќе твори на социјалните медиуми, тоа за него е голема предност бидејќи значи дека веќе ги има почувствувано бенефитите на водењето контент маркетинг.

Исто така, доста важно е да се знае да се менанџира заедницата која ја градите. Колку што повеќе расте присутноста на бизнисот толку повеќе управувањето со заедницата (Community Management) се претвора во рутинска секојдневна задача. Луѓето коментираат, праќаат пораки и очекуваат одговори. Како што е и добро познато, повеќе не живееме во молчалив свет. Социјалните медиуми повеќе не се независни од другите медиуми. Се е поврзано и синхронизирано. Тоа е еден хармонизиран дел од севкупната маркетинг стратегија.