Дигитален маркетинг- важност за малите бизниси (2019) -
vaznost na digitalen marketing

Дигитален маркетинг- важност за малите бизниси (2019)

Кога стартуваат  малите бизниси, фокусот го стваат  на тоа како да се привлечат  првите потрошувачи.  Тие може да почнат со традиционалните форми на рекламирање како печатени реклами, купони или огромни билборди и постери покрај улиците. Бизнисите може да ги применуваат овие практики доколку се сигурни во својата понуда и прашање на време е кога потрошувачите сами ќе ги пронајдат нив.

Покрај оваа стратегија постои полесен начин, дигитлен маркетинг, кој ги избегнува повеќето недостатоци на претходниот. Малите бизниси треба да го земат предвид големиот пазарен простор на онлај потрошувачи. Ниту еден мал бизнис, без разлика на годините на своето работење не треба да го игнорира овој онлајн простор за реклама и работа како суштина на процесот на дигитален маркетинг.

 

Придобивки од дигитален маркетинг

Онлајн пронајдените потрошувачи претствауваат многу поголема група од онаа која вие може да ја регрутирате локално. Користејќи дигитален маркетинг вие имате досег до огромна публика на начин кој е и трошковно ефективен и дава мерливи резултати.

Други придобивки од дигитален маркетинг:

  • Способноста да комуницирате со вашите клиенти и ги откриете ниивните точни барања
  • Способноста да се допре до глобален пазар
  • Вие може да заштедите пари така што за помалку пари привлекувате поголем број на потенцијални купувачи за разлика од традиционалните методи на маркетинг
  • Можност за запознавање на вашите клиенти одблиску, како и вашето претставување пред нив кое создава лојалност кон брендот
  • Можност за брзо проследување на добиените одговори во маркетингот кој го водите

Дали ја одложувате примената на дигитален маркетинг?

Малите бизниси си наоѓаат бројни причини зошто би ја одложиле практиката на дигитален маркетинг во своето работење. Тие многу често мислат дека немаат доволно време и пари за да бидат конкурентни онлајн. Бизнисите мислат дека ќе бидат соочени со голем број на предизвици одеднаш и нема да можат да ги решат. Многу од нив сакаат да се држат стриктно до еден или два типа на рекламирање, сметајќи дека со тек на време ќе успеат.

Тие многу често како најдобра стртегија ја сметаат онаа која чека потрошувачите сами од себе да се појават. Со оглед на тоа дека се мали бизниси, според нив и бројот на потрошувачите е прифатливо да биде мал.

Ова не е ефективен приод. Никогаш не е гарантирано дека потрошувачите ќе се појават само затоа што вие постоите, дури и да се случи тоа, нивниот број нема да биде доволен за да остварите завидлив профит.

Вашите потрошувачи се онлајн

Ако избегнувате примена на дигитален маркетинг дали е тоа бидејќи сметате дека не сте доволно спремни? Дали мислите дека ви треба време за да ја утврдите потребата од дигитален маркетинг?

Проблемот со овој приод е тоа што вашите потрошувачи (сегашни и потенцијални) се веќе онлајн. Сега и денес. Голема е веројатноста тие да разгледуваат друг бизнис како вашиот  и ако не можат да ве најдат лесно (или воопшто) ќе изберат некој друг.

Ова е начинот на кој луѓето ги водат бизнисите денес. Ако некој има интерес за вашиот бизнис, без разлика дали на вашиот пазар или воопшто, или тие само се љубопитни за вашиот бренд, првата работа што ќе ја направат е ќе ве истражат онлајн и ќе видат што може да најдат за вас.

Нивните очекувања се дека ќе ве најдат присутни на социјалните медиуми и ќе ја најдат вашата веб страна. Бараат и прегледуваат оценки на други луѓе за вашето работење и на овој начин одлучуваат дали вашиот бизнис е погоден за соработка.

Доколку некој корисник не може да ве најде онлајн, тој може да помисли дека вашиот бизнис не е легален. Ова е голема шанса за корисниците да одлучат да не го изберат вашиот бизинс и автоматски да се насочат кон некој друг, ваш конкурент. Ако еднаш ја донесат оваа одлука, најверојатно никогаш нема да бидат ваши потрошувачи.

Вашите конкуренти се онлајн

За да биде вашиот бизнис успешен, вие треба будно да ги следите вашите конкуренти и да учите од нив. На конкурентите не гледајте како на противник кој треба да се победи, туку како на некој од кој треба нешто да научите.

Кога ќе видите што вашите конкуренти прават, вие ќе заклучите што функционира а што не. Најчесто, без разлика на типот на бизнис кој го рбаотите вашите конкуренти имаат онлјн присутност. Какви содржини користат тие? Дали имаат блог, дали работат со графици или пак користат видеа? Како го промовираат својот бренд и што е тоа што ги прави уникатни? Колку добро тие комуницираат со публиката? Дали мислите дека можете подобро од нив? Не можете, доколку не учествувате во компетицијата во дигиталниот свет.

Доколку потенцијалниот таргет бара бизнис како вашиот, и ја најде веб страната на вашиот конкурент, а не вашата (од причина што вие немате), вие воопшто и не сте во игра. Не може да бидете изберени доколку не се знае ништо за вас.

Бидете достапни за вашите купувачи

Денес,  прво што еден просечен корисник гледа е тоа што тој бара постои онлајн. Било да се работи за услуга или пак производ, купувачите пребаруваат на Гугл. Ако ве нема, не ќе ве најдат и нема да се натпреварувате.

Може да се случи и да сте присутни онлајн, но вашите конкуренти полесно да може да се најдат и изберат. Покрај креирањето на веб страна, потребна ви е SEO стратегија која ќе ви помогне да ги надминете своите конкуренти и токму вашата понуда да биде прва на листите на пребарувања.

Едноставни прашања поврзани со работните часови, локацијата и специјализираноста на вашиот бизнис се најчесто„ гуглани“ од страна на корисниците. Гледајќи ја вашата веб страна и страната на вашиот конкурент, на корисникот треба да му  биде овозможено да ги спореди цените, работното време, специјалните понуди итн. Токму од овие причини е важно да знаете што вашите конкуренти прават.

Дозволете им на потрошувачите да дојдат до вас

Примената на дигитален маркетинг е начин на кој вие станувате достапни за луѓето до кои сакате да допрете и да им ја приложите својата понуда. Обемот на вашата деловна активност може да биде многу поголема од она што сте замислувале. Сега сте во можност да посегнете до многу поголема публика отколку кога би применувале традиционални методи.

Кога имате веб страна, вашиот бизнис е отворен за соработка тогаш и кога е затворен. Вие може да креирате атмосфера во која вашите купувачи може да ви се обратат во било кој дел од денот или ноќта.

По свои убедувања, клиентите може да ви праќаат е-маилови со прашања, порачки и да ги прегледуваат вашите залихи. Потенцијални купувачи кои не може да дојдат до вас физички, поради преголема оддалеченост, немање на транспорт и слично може да соработуваат со вас, онлајн.

Запознај ја својата публика

Користењето на дигитален маркетинг овозможува комуникација со корисниците. Непосредно може да се откријат желбите, потребите и барањата на таргетот. На социјалните медиуми или други слични платформи може да започнете отворен разговор. Направете анкета за да ги запознаете подобро.  Добро обрнете внимание на нивните коментари о одговори онлајн. Наместо да погодувате, дигиталниот маркетинг ви нуди алатки и методи со кои лесно ќе ги запознаете корисниците.
На овој начин вие почнувате да градите врска со нив. Наместо само бизнис, за нив претставувате партнер. Луѓето практикуваат да купат од компанија каде што и претходно купувале.

Неколку форми на маркетингот се трошковно ефективни како и дигитален маркетинг. Малите бизниси постојано се обидуваат да направат што е можно повеќе работи со мал буџет. Многу алатки на дигитален маркетинг дозволуваат досег до огромна публика, потпирајќи се на мал буџет. Користењето на дигитален маркетинг овозможува побрз и поголем успех на бизнисот.