Mаркетинг на социјални медиуми- примена (2019)
marketing na socijalni mediumi

Mаркетинг на социјални медиуми- примена (2019)

Само доколку сте биле целосно изолирани последнава декада, нема да знаете колку голема е важноста на примената на дигитален маркетинг во водењето на еден бизнис. Од е-маил маркетинг, до блогови, визуелни, аудио-визуелни  содржини и слично, дигиталниот маркетинг направи целосна промена на начинот на кој бизнисите доаѓаат до своите идни потрошувачи, како и во креирањето на лојални клиенти. Еден доста битен аспект на дигитален маркетинг, кој не смее да се занемари е употребата
на маркетинг на социјални медиуми како „производител“ на потрошувачи.

Се смета дека до 2021 година, е-коемрцијата ќе достигне до неверојатни 4.5 илјади милијарди
долари на глобално ниво. Според истражување спроведено од страна ана Гугл во 2018 година,
дури 51% од корисниците на смартфони откриле нови компании и производи пребарувајќи преку
своите телефони.
Со примената на  на дигитален маркетинг бизнисите може да ј распространат својата понуда,
мисија и визија на работење, насекаде ширум светот користејќи ги сите поволности на дигитализацијата.

 

Важост на маркетинг на социјални медиуми

Социјалните медиуми го креираат потенцијалот за досег до милиони, ако не и милијарди
клиенти ширум светот.  Во јуни минатата година Фејсбук регистрирал над  1.47 милиони дневно
активни корисници, а над 2.23 милиони месечно активни корисници.
Истиот месец Инстаграм достигнал дури 1 милијарда месечно активни корисници.
Ако само помислите дека секој од овие корисници е ваш потенцијален потрошувач, тогаш овие
факти никако не смеете да ги игнорирате.
Доколку не користите маркетинг на социјални медиуми со цел да ги распространите вашите тековни понуди, вие автоматски ја губите шансата да му овозможите побрз раст на вашиот бизнис.

Нестресен, трошковно ефективен маркетинг

Маркетинг на социјални медиуми е трошковно ефективен метод.
Креирањето на страница на најпопуларните социјални медиуми е бесплатно.
Исто така тоа е и една од најнестресните и најпрофитабилни платформи на дигиталниот
маркетинг за компании кои сакаат да ја засилат својата присутност на интернет.
Досега направените истражувања покажуваат дека социјалните медиуми помогнале на
дури 91% од компаниите во зајакнување на сликата за нивните брендови  како и во
задоволувњето на клиентите.
Јасно е дека креирањето на страница на некој социјален медиум ќе биде голем бенефит за
вашиот бренд и со секојдневна употреба  тоа исто така може да помогне во генерирањето на
„усен“ маркетинг  за вашата компанија.

Го зголемува „сообраќајот“ на компанијата

Доколку не го рекламирате својот бизнис на социјални медиуми тогаш повеќе од веројатно
е дека „сообраќајот“ околу вас се ограничува само на вашите редовни потрошувачи.
Луѓето кои се запознаени со вашиот бренд  најчесто ги пребаруваат клучните зборови
за кои вие сте асоцијација.  Со маркетинг на социјални медиуми им сеовозможува на компаниите
да достигнат поширок спектар на возрасти и демографско-различни луѓе и со тоа создава
можност за инволнирање на што поголем број на можни идни клиенти.
Социјалните медиуми како целоств, во суштина се претопувае на различни групи на луѓе кои имаат издиференцирани желби и однесувања. Во прилог на ова доаѓаат и различните преференци и различните начини на размислување.
Со објавување на корисни содржини на што е можно повеќе социјални медиуми, вие го зголемувате
вашиот досег експоненцијално и ја дуплирате вашата можност за преивлекување на идни клиенти.

Директно вклучете ја вашата публика

Социјалните медиуми се одлична алатка за вклучување и интеракција со публиката.
Колку повеќе комуницирате со публиката толку поголеми се шансите дел од нив да се претворат во ваши лојални купувачи. Платформите на социјалните медиуми овозможуваат контактна врска во два правци.
Тоа значи, вашите корисници да може да ви испратат повратен одговор поврзан со вашите производи и услуги, а вие како компанија на тој начин да стекнете подобро разбирање за нивните преференции и на соодвенет начин да им одговорите во најскоро можно време.
Соработката со купувачите придонесува до креирање на позитивни искуства и на одлични импресии за вашиот бренд, повлекувајќи со себе корисен „усен“ маркетинг. Купувачите исто така може да објавуваат содржини за брендот, да ве спомнуваат, да ве оценуваат јавно, транспарентност која во голем дел позитивно ќе се одрази врз вашето понатамошно работење.

Заклучок

Од досегашното излагање заклучивме дека маркетинг на социјални медиуми е една моќна и неспорна алатка, која е целосно трошоквно ефективна и која го зголемува „сообраќајот“ на веб страниците на самите компании.
Ако вашата компанија не е активна на социјалните медиуми, тоа е птво нешто што треба да го исправите доколку сакате да избегнете испуштање на голем потенцијален пазар.