Контент маркетинг и неговите придобивки за бизнисите (2019)
kontent marketing

Контент маркетинг и неговите придобивки за бизнисите (2019)

Корисни содржини треба да бидат суштината на вашиот маркетинг.
Традиционалниот маркетинг од минута во минута е се помалку ефективен и секој маркетер што ги следи тековните треднови знае дека постојат многу подобри начини.Контент маркетинг е стратешки  маркетинг пристап насочен кон создавање и дистрибуирање на вредна, релевантна и конзистентна содржина  за привлекување и задржување на јасно дефинирана публика со цел остварување на профит.

Наместо да укажувате на производи, вие нудите навистина корисна и соодветна сорджина  на вашите клиенти за да им помогнете да ги решат своите проблеми.  

КОНТЕНТ МАРКЕТИНГОТ Е КОРИСТЕН ОД СТРАНА НА ВОДЕЧКИТЕ БРЕНДОВИ

Некои годишни истражувања покажуваат дека голем дел од пазарот користи контент маркетинг. Всушност тоа е користено од страна на многу истакнати компании како P&G, Microsoft, Cisco Systems и John Deere. Тоа исто така се наоѓа во практиката на малите бизниси од причина што дава видливи резултати.

Контент маркетинг е корист и за вас како компанија и за вашите клиенти.
Постојат три придобивки за претпријатијата кои го користат овој вид на маркетинг, и тоа:
– Заштеда на трошоците
– Зголемени продажби
– Генерирање „повредни“ лојални купувачи.

КОНТЕНТИТЕ СЕ СЕГАШНОСТ И ИДНИНА НА МАРКЕТИНГОТ

Ако се навратиме на дефиницијата за контент маркетинг, но овојпат да ги исклучиме зборовите вредна и релевантна, ќе ја добиеме разликата меѓу овој маркетинг и се останато што компаниите се обидуваат да ви продадат како корисно.  Компаниите постојано ни праќаат информации, но всушнот многу мал дел од тоа е веродостојно и важно и токму поради ова се граничи со спам.  Токму ова го прави маркетингот на контенти интригирачки во денешното окружување на илијадници маркетинг пораки.

МАРКЕТИНГОТ Е НЕВОЗМОЖЕН БЕЗ ДОБАР КОНТЕНТ

Без оглед на тоа какви маркетинг тактитки користите, контент маркетингот треба да биде составен дел на вашите процеси, а не да се третира како нешто засебно.  Квалитетен контент е дел од сите форми на маркетирање.

  • Маркетинг на социјални медиуми: Контент маркетинг доаќа пред вашата страдеција за социјални медиуми.
  • SEO: Преберувачите даваат предност на бизнисите кои објавуваат квалитетна и конзистентна содржина.
  • PR: Успешните PR стратегии се однесуваат на прашањата кои се поврзани со читателите, а не со бизнисите.
  • PPC:  За да функционира PPC, потребна ви е добра содржина.
  • Влезен маркетинг: Контентот е клучен за создавање на соовраќај и зголемен влезен маркетинг.
  • Стратегија на контенти: Ова стратегија е вклучена во сите маркетинг стратегии за пишување содржини.

Што ако вашите потрошувачи со нетрпение очекуваат да го добијат вашиот најнов контент? После тоа најверојатно на него ќе потрошат 10, 15, 40 минути, за подоцна да го препорачаат на своите колеги и директори.