Важноста на Респонзивен Веб Дизајн [2021] PlayDigital
responziven veb dizajn

Важноста на Респонзивен Веб Дизајн [2021]

Со број од над 4 милијарди корисници на мобилни телефони,
не е изненадување податокот за растот на прегледи на Word Press преку мобилни уреди во споредба со компјутерите.
Така, за да се овозможи квалитетно искуство на веб страните,
истите се креираат со респонзивен карактер.

Респонзивен веб сајт значи веб сајт кој може да се прилагоди
според екранот на корисникот кој го посетува.
Било да се користи таблет, компјутер или пак мобилен телефон
целта е да се обезбеди еднаков квалитет.

ЗОШТО ДА СЕ КРЕИРА РЕСПОНЗИВЕН ВЕБ ДИЗАЈН?

Важно е да се обезбеди директно и непречено искуство на корисниците така што тие ќе може лесно да се вклучат и навигираат на вашата страница.
Иако креирањето на респонзивен веб сајт може да одземе доста време, сепак пожелно ако не и неопходно секој Word Press да го направи тоа на тој начин.
Респонзиниот веб дизајн е подеднакво битен и за индивидуалните корисници,
но и за бизнисите. Постоењето на директна врска меѓу овие две субјекти се одразува на повеќе начини,
па така имањето на респонзивен веб дизајн го зголемува позитивното искуство на корисникот,
а истовремено има и позитивно влијание врз градењето на брендот на компанијата и го зголемува потенцијалот за идни потрошувачи.
Еве некои од причините за креирање токму на ваков тип на веб сајт.

ПОВИСОКО РАНГИРАЊЕ НА ГУГЛ ЛИСТИТЕ ЗА ПРЕБАРУВАЊЕ

Гугл, како најдокажан мотор за пребарување, препорачува „пријателски настроени“ веб
страни за мобилните уреди, бидејќи поголемиот дел од корисниците кои би го посетиле вашиот веб сајт,
тоа ќе го сторат преку својот мобилен телефон.
Гугл при рангирањето, предност дава токму на респонзивни веб сајтови од причина што
за корисниците тие се попогодни за употреба.

БРЗИНА

Многу од бизнис корисниците ги прават своите веб страни користејќи веќе готови
шаблони и примери, а тие неретко се нефункцонални за управување преку мобилен уред или таблет.
Некои од тие веб страни сакаат многу повеќе време од вообичаено за само да се вклучат,
а секој корисник сака да работи со страни кои брзо се вчитуваат.

Добар респонзивен веб сајт треба да се вчита во време од 3 секунди.
Корисниците ќе добијат побрзо вчитување од моментот кога за прват ќе го отворат сајтот.
Брзината на вчитување допринесува корисникот да се задржни многу повеќе на еден
респонзивен сајт отколку што тоа би го направил на сајт кој е бавен и неактивен.

BOUNCE RATE

Eден респонзивен веб сајт ќе има помала bounce rate бидејќи корисниците ќе се чувствуваат
комфорно истражувајќи го вашиот сајт.
Позитивно искуство стекнато на вашиот сајт води кон поголеми шанси за понатамошни
долги истражувачки сесии.

Како правило со број еден, bounce rate  помеѓу 26 и 40 проценти е одлично.
Се што е над 70% е очајно и разочарувачко, било да се работи за блогови, настани вести и слично…

Bounce rate може да се зголеми или намали во зависност од содржините на сајтот како и од цените за услугите кои се нудат.

ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА КОНВЕРЗИИ

Зголемувањето на конверзиите зависи од успешноста на маркетинг кампањата како и од квалитетот на содржините кои се објавуваат.
Но, респонзивната веб страница креира природна интеракција со публиката.
Корисникот на веб страна погодна за мобилен телефон, се чувствува посигурно и пријатно.
Оптимизирана и респонзивна веб страна е многу попреферирана од страна на Гугл и е рангирана повиско при процесите на пребарување креирајќи раст во природниот сообраќај на самиот веб сајт.
Обезбедувањето на професионален изглед  со лесно пристапен дизајн  дејствува на раст на конверзиите на проиводи и услуги понудени од страна на компанијата.

ГРАДЕЊЕ НА ЗЕДНИЦА

Многу веб страни кои нудат производи и услуги трошат многу време и пари на градење
на заедница околу самите сајтови.
Имањето на респонзивен веб сајт го олеснува патот до постигнување на оваа цел.

Повеќето корисници кои ги „отвораат“ сајтовите преку своите мобилни телефони
сакаат лесно да се вклучат на што е можно подиректен начин кој не бара многу напор.
Кога корисниците ќе може да го посетат вашиот веб сајт без оглед на тоа каде се наоѓаат,
тогаш шансите за градење на лојална заедница околу вашиот бизнис се многу големи.

ИНТЕРНЕТ ПРЕЛИСТУВАЊЕ

Кога некој нов корисник се измачува да се снајде и навигира на вашиот веб сајт најверојатно
е дека многу брзо ќе го напушти сајтот и повеќе никогаш нема да се сети да го отвори.

Работејќи на респонзивен веб сајт корисниците ќе го опримизираат позитивното искуство на интернет прелистување.
Квалитетот на користење на репсонзивен сајт гарантира континуитет како кај мобилни уреди така и кај употребата на компјутерите.

АНАЛИТИКА

Респонзивниот веб сајт генерира повеќе посети и ја подобрува аналитиката на самото
работење на вебот.  Повеќето од WP корисници ја користат Гугл аналитика програмата за
нивните веб страни.
По 2016 години, кога мобилните уреди ги надминаа употребите на класичните компјутери,
Гугл во својата аналитика воведе стратегија која користи индекси.
Па така, ако денес сакате да ја проверите акалитиката на својот сајт преку Гугл,
првенствено ќе ви излезат податоците од прегледите остварени преку мобилни уреди па после тоа оние преку компјутер.

ЗАКЛУЧОК

Статистиките покажуваат дека мобилните телефони се водечки во остварувањето на интернет сообраќај и овие податоци секојдневно се повеќе се зголемуваат.
Затоа, од важно значење за секоја компанија е да поседува респонзивна веб страна.
Најистакнат резултат е фактот дека респонзивните веб страни се докажано покорисни за сите деловни активности, производи и услуги.