5 начини како добро дизајнирана веб страна ви го зголемува приходот
veb dizajn zgolemen prihod

5 начини како добро дизајнирана веб страна ви го зголемува приходот

Добро дизајнираната веб страна следи што поголем број на принципи што дизајнот на веб страната го прават добар. Со други зборови, посетителите на вашата веб страница очекуваат  таа  да биде брза и лесно да ги добијат инфорациите кои ги бараат.
Било тие да сакаат да ја прегледаат вашата понуда, да пронајдат контакт информации, или само да резервираат  термин за некоја од вашите услуги, тој процес мора да биде брз и едноставен.

Со оглед на тоа дека живееме во дигитална ера- односно во свет каде луѓето прво посетуваат Гугл пред  да купуваат, а Yelp и TripAdvisor пред да одат во некој ресторан, па дури и се пријавуваат на Фејсбук кога заминуваат некаде на патување. Поради тоа и вие сакате првиот впечаток да биде најдобар. Започнувајќи од вашата веб страна потрошувачите рассудуваат и носат одлука дали ќе ја посетат вашата продавница, ресторан или канцеларија. Постои дури и можноста да ве избегнат, ако сметаат дека вашата веб страница не одржува вид на доживување кое вашето работење треба да го понуди.

На потрошувачите им стана навика тоа постојано да бараат каде ќе го извршат следното купување или која дестинација ќе ја посетат.  Погрижете се вашата компанија да биде застапена и на сите поважни социјални мрежи со свој бизнис профил.  Освен тоа што на располагање ќе оставите  URL адреса, проверете  дали вашата адреса, телефонски број, емаил се точни и лесно достапни. Во едно идеално сценарио секоја друштвена мрежа ќе ја поврзате со вашата веб страница.

Јасно е дека ако немате веб страна, ја пропуштате приликата корисниците да ве запознаат кои сте дури и кога сакаат да ве посетат.  Добрите веб страници имаат дизајн кој е лесен за користење. Графичкиот дизајн на почетната страница треба да го привлечат вниманието на потрошувачите, а останатите подстраници треба да бидат едноставни за навигација. Информациите треба лесно да се пронајдат и истите да бидат напишани на јазик на купувачот, а не на стручен јазик.

Да се води работењето на еден бизнис не е воопшто лесно, а вашата агенда со обврски е секогаш пополнета. Како што водите односи со потрошувачите и се трудите да им обезбедите најдобра услуга немојте да ја запоставите вашата присутност на интернет. Почнувајќи од вашата веб страна, од витална важност е да се позиционирате на мрежа со квалитетна и професионална презентација на вашето работење. Веб страната на вашата компанија им дава впечаток на вашите клиенти дека вложувате во вашиот бизнис и дека имате мотивација и желба повеќе да се занимавате со вашата фирма. Имајќи го тоа на ум, разгледајте ги овие пет причини зошто е важно да имате добро дизајнирана веб страна.

  • Создавање впечаток за компанијата

Имате само една прилика да создадете прв впечаток. За оние кои немаат слушнато за вашиот бизнис и производи, вашата веб страница ќе биде нивното прво познанство со вас. Добро дизајнираната страница  помага во зајакнувањето на вкупната слика за вашето работење.

  • Веб страницата ве поврзува со нови клиенти

Добро дизајнираната веб страна не може да привлече посетители ако луѓето не знаат за постоењето на вашиот бизнис. Добро осмислената веб страна значи повеќе од естетски погодните елементи на дизајнот-  тоа значи дека е и структурно добро организирана како би им помогнала на купувачите да ве најдат на пречистувачите. Повеќе од 50% од пребарувањата доаѓаат од мобилни телефони.  Ако вашата веб страница не е прилагодена за мобилни уреди, можеби ќе ги пропуштите короисниците кои пребаруват за вашите производи и услуги.

  • Веб страната е каталог и презентација на вашиот бизнис на интерннет

Постои правило дека имаме само 8 секунди за привлекување на вниманието на клиентите, што ви остава мал простор каде брзо и ефикасно ќе ја објасните вашата понуда. Добро организираните веб сајтови ги  прикажуваат своите единствени продажни точки (unique selling points)на почетната страница пркеу текст, слики и видеозаписи. Тоа им помага на посетителите брзо да сфатат што е вашето работење и што можете да им понудите.

  • Преку веб сајтот собирате прашања за вашите производи и услуги

Веб страните се карактеризираат со 2 најбитни особини: презентација и собирање на прашања. Треба да постојат повеќе начини на кои посетителите ќе остварат комуникација со вас, на пр. обрасци за контакт, телефонски број, обрасци за поставување прашања, пријави за newsletters и сл. Овие елементи се основни кога изработувате веб страници како би привлекле заинтересирани посетители и ја зголемите продажбата на вашите производи и услуги.

  • Веб страниците можат лесно да се ажурираат

За разика од класичните, печатени материјали, веб страната лесно се менува и може да се ажурира толку често колку што е потребно. Освен тоа, трошокот за промена на некоја содржина се мери само преку време, додека  делот со печатен материјал вклучува и време и материјал.  Веб страницата нема д аја замени потребата за печатен материјал, но добро дизајнираната веб страница со насочена содржина може да ги надополни печатените материјали. Едноставно може да употребите своја веб странa како би им покажале на клиентите што е новост и промоција во вашето работење на евтин и редовен начин.

Вложувањето во изработка на добар дизајн за веб страница, ќе пружи додатна вредност на вашето работење и на крајот ќе донесе до бројни приходи.