5 стратегии за успешна интернет продажба - PlayDigital

5 стратегии за успешна интернет продажба

Интернет продажбата може да на изгледа многу лесен начин да се заработат пари, но сепак тоа е повеќе од поставување слики на веќе дијзаниран темплејт.

Секој што сака успешно да ги продава своите производи преку онлајн продавница треба да ги има предвид следниве работи:

1. Следење на сообраќај и конверзии

Една од првите работи што треба да ја направиш е да одлучиш како ќе го следиш сообраќајот на твојот сајт и секако конверзиите односно остварените продажби. Еден од најпопуларните начини е преку Google Analytics, за што е потребно само да се вметне код на вебсајтот. Понатаму треба да се конфигурира следењето и секако да се постават целите на продажба.

2.Емаил новитети

Информирање на тагрет публиката преку праќање емаил новитети е една од најефективните алатки што треба да ги користи секој што продава онлајн.
Ништо неможе да се спореди со тоа. Е-маил маркетинг кампањата ќе ти помогне секој претплатувач на редовна база да добива мејлови од тебе на било која тема. Ова е одлична можност за понуда на купони и попусти, информирање за нови производи и секако испорака на корисни информации и податоци.
Првиот чекор за креирање на емаил кампања е избор на платформа преку која ќе може да се лансира кампањата. Неколку опции се: Mailchimp, Mailerlite, Aweber и Constant Contact.
Понатаму треба да се избере темплејт за е-маилот, да се прилагоди и напише содржина. Секако, потребно е и да се постави форма за претплатување на веб-сајтот, со што сите што сакаат да добиваат мејлови ќе можат да ја внесат својата адреса.

3.Профил на социјални медиуми

Секој што продава онлајн, апсолутно мора да биде присутен и на социјалните медиуми. Ова е начин на кој многу луѓе ќе дознаат за продуктите што се нудат за прв пат, и со самото тоа е есенцијално да се воспостават цели, стратегии и план за социјални медиуми. Изборот на тоа што се постира и на профилот на кој социјален медиум зависи од самите цели, таргетираната публика и секако од буџетот што е на располагање.

4.Воспоставување на систем на испорака на производи

Секако ова прашање нема да е тема на големо размислување доколку се продаваат електронски производи. Но, за тие што продаваат физички производи ова е од голема важност затоа што самата испорака може да го унапреди или тотално да го уништи бизнисот. Еден потрошувач што ја наполнил кошничката на вебстраната со производи и може во истиот момент да се откаже од купување доколку трошоците за испорака се превисоки. Ова се нагласува уште повеќе кога станува збор за производи што можат да се најдат во било која физичка продавница и секако други конкурентски онлајн продавници.

Имајќи го ова предвид, добра идеја е да се понуди бесплатна испорака доколку порачаат производи во одреден износ или да се намали цената со цел да се одржи купувачот во процесот се до крајната акција-конверзијата.

5.Проверка на вебстраната

Ова е последна шанса пред да се објави било каков вид на содржина на вебстраната која треба да се искористи вешто. Сега е време да се евалуира секој детал, без разлика дали станува збор за проверка на текстот, сликите на производите и секако цените на истите. Втора шанса после ова нема, бар не пред целата публика да го отвори и да го види сајтот.
Неколку работи што треба да се направат се:
– Целосна проверка на текстот
– Проверка дали поставените линкови функционираат и дали водат до страна на која треба да водат
– Проверка на цените на производите, за да не се предизвикаат било какви недоразбирања или проблеми со потенцијалните купвачи
– Осигурување дека страните со производи се информативни и можат да ги антиципираат прашањата на потрошувачите
– Дали се внесени контакт информации и секако линк до профилите на социјални медиуми