Што е CloudFlare CDN? - PlayDigital
Cloudflare CDN

 

Што претставува CloudFlare CDN?

 

 

CloudFlare (CDN) е мрежа на сервери која
доставува веб- страни и одредена содржина на корисникот, врз база
на неговата географска локација. Крајната цел е да се обезбеди достапност,
заштита и да се оптимизира времето кое е потребно за одредениот сервер
да ги испорача потребните побарани податоци од крајниот корисник.

При неговото користење, Cloudflare CDN нуди одредени предности за веб-сајтот:

1. Брзина и оптимизација
Cloudflare CDN нуди зачувување на содржината, со што автоматски се зголемува
брзината на вчитување на веб-сајтот и се подобрува корисничкото искуство.
Тоа е еден од најбитните фактори за оптимизација што Гугл го
користи за да го одреди рангирањето на пребарување на веб-страната.

2. Зголемена безбедност
Оваа мрежа помага во зголемувањето на степенот на безбедност преку
блокирање на сите закани уште пред да можат да го достигнат сајтот.
Понатаму, Cloudflare може да го заштити сајтот и од DDoS напади,
односно било кој обид да се наруши нормалниот сообраќај на одреден
сервер/ сајт преку преплавување на таргетот со зголемување на сообраќајот.

3. Испорака на релевантна и точна содржина
Многу CDN провајдери ја прочистуваат содржината на сајтот со користење
на специфични алгоритми. Со ова се елиминираат проблемите на дуплирање содржина.
Со самото тоа што на корисниците на веб-сајтот им се приложува
релевантна и квалитетна содржина, тие потоа сакаат да се вратат
назад на сајтот, со што се зголемува сообраќајот.

Како функционира Cloudflare?
Кога ќе го активираш Cloudflare на твојот акаунт, твојот веб-сајт
станува дел од Cloudflare мрежата.
Оваа мрежа управува со сообраќајот преку оваа глобална мрежа на дата центри.

Cloudflare CDN ја оптимизира испораката на веб содржини со складирање
на дупликати на статична содржина на своите сервери.
Содржината на вашата веб-страница се сервира од серверот Cloudflare
кој се наоѓа најблизу до вашите посетители, што го намалува времето
на оптоварување на страницата.
Ако серверот во мрежата на Cloudflare е многу зафатен, веб сообраќајот
автоматски се пренесува до следниот сервер што е најблизу до вашите посетители.