Што претставува Comodo SSL Сертификат? - PlayDigital
comodo-ssl

Што претставува Comodo SSL Сертификат?

Comodo е светски лидер во сајбер-безбедност и дигитално сертифицирање. Уште од раните почетоци како провајдер на анти-вирус софтвер, Comodo почнал да расте до степен каде што денес е еден од најголемите играчи во оваа индустрија.

Comodo е изграден врз база на доверба. Интернтот без таа доверба е безвреден. Почнувајќи од дигитални трансакции, комуникација и општо податоци, треба да бидат сигурни и безбедни за работите кои што се одвиваат онлајн да можат да работат безпрекорно.

Што е Comodo SSL Сертификат?

Comodo SSL Сертификатите представуваат најбрз и наједноставен начин за секој онлјан бизнис да ги заштити сите потрошувачки трансакции со SSL безбедност. Се карактеризира со брзо онлајн издавање, посветен тим за поддршка на купувачи и гаранција, Comodo SSL овозможува безбедна онлајн околина само за неколку минути.

Кои се предностите?

  • Се издава онлајн за неколку минути- без никакви документации и одложувања
  • Висок степен на SSL безбедност
  • 99,9% препознавање од страна на прелистувачи, со што се зголемува потенцијалната база на потрошувачи
  •  Политика за рефундација- до 30 дена
  •  Лиценциран за неограничен број на физички сервери
  • Обезбедува domain.com и www.domain.com
  • Валидација на домен
  • Корисничка подршка обезбедена преку телефон, емаил или вебстрана

COMODO SSL ја зголемува довербата кај потрошувачите со тоа што покажува дека вашиот веб сајт е проверен од сигурен извор. Последните истражувања тврдат дека скоро 61% од интернет корисниците ја сторпираат трансакцијата затоа што самиот вебсајт нема SSL безбедносен сертификат.

Кои се бенефитите од користење на Comodo SSL?

Сигурносната икона на Comodo е значителна за обезбедување доверба и чувство на сигурност кај потрошувачите. Само појавата на иконата, може да значи дека поседувате легитимен бизнис.
Неколку бенефити од користење на Comodo SSL се:

  • Зголемена стапка на конверзија
  • Чувство на доверба кај корисниците
  • Издвојување од конкуренцијата, конкурентска предност
  • Дизајнирана да го привлече вниманието на посетителите на веб-сајтот
  • Прикажува верификувани детали за компанијата со еден клик


    Други алатки кои се вклучени во нашата понуда се:
    Attracta
    cPanel
    Cloudflare
    – Softaculous