Како да го поврзеш веб сајтот со хостингот по активацијата? - PlayDigital
veb sajt - host

Како да го поврзеш веб сајтот со хостингот по активацијата?

Како да го поврзеш веб сајтот со хостингот по активацијата?

По активација на хостингот МКхост ќе ти испрати емаил со сите информации за истиот. Детално прочитај го целиот емаил и пронајди ги податоците за најава.

Ќе добиеш податоци за најава преку FTP протоколот и истите податоци ќе ги користиш за најава во cPanel, хостинг контрол панелот преку кој ќе може да креираш емаилови, бази на податоци, да правиш редирекции, да едитираш фајлови и да вршиш прикачување на нови фајлови и да креираш фолдери.

Прикачување на фајлови од твојот веб сајт може да го извршиш на два начина:

  • Користење на FTP протоколот
    За да ги прикачиш фајловите преку FTP ќе треба да имаш инсталирано одреден FTP клиентски софтвер на твојот компјутер. Ние го препорачуваме FileZilla . Кога ќе го инсталираш програмот на твојот компјутер, ќе треба да се поврзеш со хостингот. Во делот каде што пишува Hostname ќе го внесеш името на твојот домен (само ако истиот е регистриран и активен на интернет како и на серверите на МКхост), или IP адресата од серверот што МКхост веќе ја има испратено на емаилот за активација. Во делот за username ќе го внесеш корисничкото име и лозинката. Кај port внеси 21 и кликни на Connect. Доколку правилно се внесени податоците ќе те конектира на FTP серверот до твојот штотуку активиран хостинг. Од лева страна се наоѓаат фајловите и податоците од твојот компјутер, додека пак во десното прозорче се наоѓаат фајловите и податоците кои моментално се на хостингот. Кликни двојно на public_html директориумот на хостот за да влезеш во него. Таму постави ги сите фајлови од твојот компјутер. Едноставно може да ги селектираш од левото прозорче и со влечење да ги префрлиш во десното прозорче. Со тоа ќе почне процесот на прикачување на фајловите и на крај ќе треба да провериш дали сите фајлови и директориуми успешно се имаат трансферирано. Ако да, тогаш ќе може да го отвориш твојот домен и да провериш дали фајловите се префрлени.
  • Користење на cPanel хостинг контрол панелот
    Најави се преку моменталниот линк за cPanel или доколку твојот веб сајт е активен: http://imenatvojotdomen.com/cpanel
    Кога ќе се најавиш кликни на иконата File Manager. Ќе се отвори ново прозорче каде што ќе може да ги прегледаш моменталните фајлови на твојот хостинг, како и да извршиш прикачување, бришење, креирање на нови фајлови. За да извршиш прикачување на фајловите избери ја опцијата Upload и селектирај ги фајловите кои сакаш да ги прикачиш. File Manager нуди и опција за одзипување на фајлови, па така може да прикачиш само еден зипуван фајл и истиот да го одзипуваш на хостингот со што ќе си заштедиш време и ресурси.