Backup/Restore на хостинг акаунт - PlayDigital
backup hosting

Backup/Restore на хостинг акаунт

cPanel платформата ти овозможува да направиш бекап на податоците од твојот хостинг, кои се неопходни во твоето секојдневно работење.

Процесот е едноставен, интуитивен и лесен за извршување.

Најави се на твојот cPanel акаунт и кликни на иконата Backup

Креирање на Full Backup – во оваа форма се вклучени сите податоци од хостинг акаунтот (веб сајт, емаил сандачиња, DB…). Кликни на Download a Full Account Backup

Во новоотворениот прозорец има повеќе опции за бекапот

Во делот Backup destination, имаш можност содржината да ја зачуваш на различни локации, Remote FTP, Home Dir(Homedir од твојот хостинг акаунт), SCP

Со кликање на Generate Backup ќе се креира истиот.

Со кликање на веќе направениот бекап, во делот Backups Available for Download истиот може да го превземеш.

Креирање на парцијални бекапи

Во оваа форма се достапни одделно:

  • Home Dir
  • МySQL DB
  • Email Forwarders
  • Email Filters

Бекапот може да го превземеш со еден клик на посакуваната категорија.

Restore на backup

Најпрво најави се на твојот cPanel и кликни на иконата Backup

Oткако претходно си генерирал бекап, пронајди го парцијалниот бекап кој сакаш да го прикачиш и кликни на Upload