Искористеност на веб хостинг простор - Disk usage - PlayDigital
veb hosting iskoristenost

Искористеност на веб хостинг простор – Disk usage

Во овој краток туторијал ќе бидат опфатени чекори кои можеш да ги користиш за да ја провериш искористеностa на твојот хостинг. Ќе ти покажеме каде може да ја видиш моменталната искористеност на хостингот, каде најмногу го имаш искористено хостингот и секако доколку сакаш да избришеш нешто што не ти е потребно и со самото тоа да си ослободиш простор на хостингот.

Најпрво треба да се најавиш на твојот cPanel. Во делот Files кликни на Disk usage.

Тука може да провериш каде и колку го имаш искористено хостинг просторот и во кој дел точно е искористеноста, во овој случај искористеноста е најмногу во public_html

Преку cPanel во делот File manager може да видиш се што имаш на твојот хостинг. Исто така доколку имаш непотребен backup или error log,а ти заземаат простор може слободно да ги избришеш. Ние правиме backup на дневно, неделно и месечно ниво.

Исто така искористеноста може да биде и во маиловите.  Можеш да видиш секој емаил колку простор зазема. Доколку имаш искористеност во фолдерот Trash иако ги имаш избришано меиловите, тие сеуште стојат во фолдерот Trash и заземаат простор. Можеш да ги избришеш меиловите кои се наоѓаат во тој фолдер и со тоа да ослободиш простор на твојот хостинг.