Како да започнеш онлајн бизнис? - PlayDigital
onlajn biznis

Како да започнеш онлајн бизнис?

Според извештајот на Асоцијацијата за е-трговија на Македонија во текот на 2019 се реализирале вкупно 6.727.051 онлајн трансакции во земјата и странство, наспроти 5.435.385 онлајн трансакции во текот на 2018 година. Тоа претставува пораст од 23,8%.
Значителен пораст е забележан и од аспект на вредноста на направените трансакции, кои во 2018 изнесувале 139 милиони евра, додека бројката во 2019 година се пораснала на 176 милиони евра, што представува пораст за 26,6%.

И покрај овие успешни бројки и статистички податоци, за да се има успешен онлајн бизнис, секако, важен е самиот почеток и донесувањето на клучни одлуки кои ќе имаат влијание на развојот на бизнисот и успешноста на онлајн продажбата.

Секој кој сака да започне свој онлајн бизнис треба да ги помине следните чекори:

1. Избор на продукт/ услуга која ќе се продава

Можеби знаеш што точно сакаш да продаваш. Веќе рачно изработуваш накит, шапки или црташ и сакаш да ги претставиш своите креации на таргет публиката и да ги продаваш онлајн.

Но, можеби сеуште немаш идеа што би продавал. Во тој случај еве неколку совети за тебе:

– Следи ја својата пасија

Почни да бараш идеи врз база на работи за кој ти лично имаш интерес.
Да се започне онлајн бизнис базиран на омиленото хоби или лично искуство е одлична идеа затоа што веќе имаш интерес и знаење на темата, што е супер старт за градење на успешен бизнис. И, секако уживањето во процесот и мотивацијата.

– Следи ги трендовите

Доколку ти треба инспирација, слободно искористи го Google Keyword или види што е тренд на Фејсбук или Инстаграм. Да се погледне што се бара од страна на популацијата и за што се заинтересирани луѓето е секогаш предност, затоа што од овој процес можат да произлезат успешни идеи.

– Реши нечиј проблем

Еден од најдобрите начини да се развие продукт кој ќе има висока побарувачка е да се лансира нешто што ќе им го подобри секојдневието на луѓето, ќе им ги реши проблемите и ќе им овозможи полесен живот.
Со овој став и начин на размислување, може да се постави прашањето:
“Кои карактеристики треба да ги има мојот производ, за да може да и помогне на таргет публиката да ги задоволи своите потреби и желби? ”.
Со истражување на потребите и желбите на потрошувачите, може многу лесно да се дојде до одговорот.

2. Избор на бизнис модел

Откако ќе ја дефинираме таргет публиката, ќе ги дознаеме нивните желби и потреби и ќе го дефинираме начинот на кој нашиот производ или услуга ќе ги задоволи истите, следен чекор е да се избере бизнис модел.

Дали порачката и податоците на купувачот ќе ги испратиш директно до големопродавачот или производителот, кој подоцна ќе го достави производот сам до потрошувачот?
Ова значи дека твојот бизнис ќе биде селекција и продажба на производот преку твојата онлајн продавница, но без никакво вмешување во доставата од твоја страна.

– Друга опција е големопродажба. Овој онлајн бизнис модел вклучува поголема финансиска инвестиција затоа што ќе мораш да ги купуваш и да ги складираш производите, и секако да ги доставуваш до купувачот и да ја следиш нарачката. Секако овој процес може да биде поедноставен при соработка со партнерска компанија која би вршела дел од овие активности за тебе.

Имаш идеа за супер производ, но немаш ресурси за да го произведеш сам?
Дизајнирај го сам и најди производител кој би можел да го произведе продуктот за тебе. Откако ќе ги произведе, истите може да ти ги достави да ги продаваш, со што продажните активности ќе бидат на твоја одговорност. Друга опција е да ги достави на некоја 3та фирма која ќе биде задолжена за продажбата, или да ги произведува и директно да ги продава на крајните корисници.

3.Направи истражување на конкуренцијата

Секоја конкуренција е позитивна работа. Те мотивира да го диференцираш својот бизнис модел и тоа што го нудиш. Но, доколку нема никаква конкуренција, можеби треба да се преиспиташ од почеток и да истражиш дали има побарувачка за тој производ.

Затоа е многу важно и клучно да се направи истражување на пазарот пред да се отвори онлајн продавница.
Погледни кој друг продава слични производи. Потоа, направи анализа и одлучи како можеш да се издиференцираш и истакнеш пред конкурентите со својот производ.

4.Одбери име на бизнисот

Бренд идентитетот започнува со името на бизнисот и затоа е многу важно да се одбере името внимателно. Неколку совети за избор:

Нека биде едноставно и лесно запамливо, лесно за изговор и доволно кратко што ќе може да се вклопи на пакувањето на производите како и сликите на вебсајтот и секако профилите на социјалните мрежи.

Најважно е да е уникатно. Бизнис името треба да се издвојува од другите, но сепак да се рефлектира со производот или услугата што ја продаваш. И секако, да е различно од името на директните конкуренти.
Направи истражување на домеини и социјални мрежи.

5.Напиши Бизнис План

Подготви бизнис план кој ќе ти помогне да ги поставиш предностите и можностите на бизнисот, главните закани и ограничувања на кои би можел да наидеш, стратегиите, целите и секако да ги приоритизираш задачите со кои ќе успееш во лансирањето и развојот на бизнисот.

6.Изгради го своето онлајн продажно место

Откако ќе се одлучиш за името, домеинот и логото, следно што треба да направиш е да се одлучиш за хостинг услуга.


Вебхостингот претставува услуга што им овозможува на индивидуите и организациите да ги направат нивните вебстрани достапни преку World Wide Web. Со ова се овозможува простор на сервер и интернет конекција претежно преку дата сервери.

6. Промовирај го својот бизнис

Откако ги имаш поминато сите претходно наведени чекори, значи имаш избрано што ќе продаваш и ја имаш лансирано својата онлајн продавница. Но, само затоа што имаш испланирано, дизајнирано прекрасен производ и лансирано супер вебсајт, тоа немора да значи дека луѓето ќе можат да те најдат или дека ќе купат од кај тебе. Ова е клучниот момент каде настапува силата на дигиталниот маркетинг.

Социјалните медиуми со сигурност го сменија начинот на кои доаѓаме до информации и секако ги сменија нашите купувачки навики. Затоа се одлична можност за промоција на понудата.
Почнувајќи од користење на Фејсбук профил, постови, сториња, нарачки па се до Инстаграм, Линкедин и Твитер.
Склучувањето партнерства со други компании и секако со маркетинг инфлуенсерите се едни од најефективните методи за зголемувањето на онлајн продажбата.