Дигитален маркетинг во време на пандемија [2020] - PlayDigital
corona virus

Дигитален маркетинг во време на пандемија [2020]

Иако целиот свет моментално се соочува со сериозен предизвик со ширењето на корона вирусот, секогаш постои надеж за подобра иднина.

Голем дел од бизнисите, па така и самата економија е погодена од моменталната ситуација. Секојдневно се празнат полиците на маркетите, додека рестораните, кафичите и моловите не се во функција. 
Во време во кое многу работи и процеси се стопирани, сопствениците на бизниси треба да пробаат да се соочат со реалноста и да продолжат понатамум спремни за посериозното фискално полугодие во 2020 година што следи.
Една студија потврдува дека тоа што се случува за време на рецесија, влијае на перформансите на компаниите откога рецесијата ќе заврши.

Но, прашањето е “Што треба да направат дигиталните маркетери во период на пандемија за да се справат вешто со кризата и да ја пребродат без големи последици?”

1. Поврзување со потрошувачите преку социјални медиуми

Сите се соочуваме со истите последици од ширењето на овој вирус. Треба да сме претпазливи и да практикуваме социјално дистанцирање. Сите сме дома, кој може работи од дома, учениците не идат на училиште. Неможеме да одиме во нашиот омилен ресторан на ручек, да излеземе во кино или на театар. 
Ова е време каде што секоја фирма треба да покаже емпатија и да помогне доколку може. Но, ова е и можност за секој бренд да се издвои во овие тешки времиња. 

Скоро сите се на своите телефони или мобилни, прелистувајќи ги социјалните мрежи како што се Facebook, Instagram и LinkedIn барајќи новости и пробувајќи да останат конектирани и информирани во овие денови на изолација. Затоа секој бизнис треба да изнајде начин како може да помогне, дали преку донации, дали преку понуда на попусти или бесплатна достава на производи до домот.
Преку ова, крајна корист ќе има и општеството во целина и секако компанијата ќе може да гради бренд преку промоција на хуманитарните дела на социјалните мрежи.

2. Осигурај се дека твојот бизнис може да се извршува и онлајн

Свесни сме дека луѓето поголемиот дел од времето го поминуваат онлајн, наместо да се дружат со пријателите на кафе или да шетаат во парк.
Интернет сообраќајот значајно се зголеми во последните неколку недели и секако ќе продолжи да расте се додека не се среди ситуацијата. Сите сме залепени за нашите уреди без разлика дали е тоа поради работа, потрага по нови информации околу корона вирусот или забава. За многу луѓе таа забава вклучува и онлајн купување.
Затоа сега е период каде што секоја компанија треба да изготви SEO стратегии и да работи на исполнување на SEO цели за да се искачи на првата страна на пребарување на Гугл, со што веб-сајтот ќе може лесно да се најде.

3.Спреми го својот бизнис за тоа што следува

Како што веќе спомнавме, се надеваме и знаеме дека корона вирусот после неколку месеци ќе исчезне. Тогаш се ќе се врати во нормала и потрошувачките навики ќе се стабилизираат. Но, додека дојде тој момент треба да сме свесни дека SEO е повеќе од долгорочна стратегија.
Тоа што се прави денес и како се подготвува SEO кампањата е истото тоа што ќе влијае на органскиот сообраќај два месеци од денес. Да се паузира со SEO кампањата сега од било која причина, може да има големи последици и влијание врз потенцијалниот приход два, три месеци од сега кога целата ситуација со епидемијата ќе се подобри.

4.Секои посебни и уникатни услови обезбедуваат можности за специјални понуди

Во ова време на неизвесност, секоја фирма има можност да пружи поддршка на своите потенцијални и сегашни купувачи преку понуда на специјални попусти кои ќе придонесат за добар тек на приходи. Треба да се идентификуваат можностите и да се креира посебна понуда на производи или услуги. Сите седејќи дома на уредите бараат попусти и начин како да заштедат при набавка на производи. Креирањето на овој тип специјални зделки е совршен начин да се одржуваат контакти со публиката и воедно да се одржи приходот на едно оптимално ниво. За промовирање и презентирање на овие специјални понуди, секако може да се користат социјалните медиуми Facebook, Instagram и други преку Pay-per-Click реклами.

5.Сега локалното SEO е порелевантно

Во овој период немаме можности за патување и шетање, така да сите сме дома и излегувањето се сведува на одредени минимални случаи за набавка на намирници. Дигиталните маркетери треба да спроведуваат локални SEO стратегии за оптимизација на вебсајтот при “во мојата околина” пребарувања. Треба потрошувачите во географското окружување да можат лесно да го најдат вебсајтот и со тоа да го кликнат и отворат прв.

6.И секако, немој да си жртва на паниката

Како што знаеме сите, има потрошувачи кои ги совладува паника од моменталната ситуација и купуваат големи количини на одредени производи и ги празнат полиците во маркетите. Таа паника треба да се избегне во секое поле, па така и да се одбегне начинот на кој не сака ниеден маркетер да реагира при имплементирање на паметна дигитална маркетинг стратегија. Секогаш треба да се користат мерки и да се анализираат податоците и аналитиките што стојат на располагање пред донесување на било каква маркетинг одлука. Преку ова може да се дојде до заклучок дека треба да сме предпазливи пред секоја реакција и одлука донесена во услови на ваква непланирана економска промена.