3 Најдобри платформи за онлајн продавница [2020] -блог-PlayDigital
Woocommerce - onlajn prodavnica

3 Најдобри платформи за онлајн продавница [2020]

Ги избравме најдобрите платформи за онлајн продажба и ова е нашиот најдобар избор.
Нашите избрани платформи за е-трговија се засноваат на објективни податоци за перформанси, збир на карактеристики и вредност. 
Споредете ги најдобрите платформи за онлајн продавница за да ја пронајдете онаа што одговара на вашите потреби.

 

#1 Woocommerce

Woocommerce платформата е најдобра платформа за SEO и има одличен рејтинг кога станува збор за вредност, перформанси, дизајн и интеграција.

Woocommerce работи со WordPress за да ја трансформира секоја странa во веб-базирана онлајн продавница. Исто така, има додатоци достапни за инсталирање и додавање додатни функционалности како што се опции за испорака, е-маил маркетинг итн.

Доколку имате познавање од WordPress, тогаш оваа платформа е за вас.
Потребно е само да ја инсталирате на вашиот WordPress сајт и да ги додадете вашите призводи и останати подесувања.

 

#2 Shopify

Shopify платформата е прилично многу добра кога станува збор
за брзината на сајтот и супер лесна за подесување, но има слабости во делот на SEO/Content Marketing.
Подесувањето на платформата е лесно за почетници и за девелопери.
Додатни апликации и нивната интеграција се мошне скапи.

 

#3 Prestashop

Prestashop платформата овозможува голем број на додатни апликации, има силна поддршка за SEO и е бесплатна и флексибилна. Апликациите за оваа платформа може да станат скапи и има лимитирана интеграција со 3D Party Automation.

Со бесплатната верзија за преземање, ќе мора да платите за веб хостинг, SSL сертификат и други модули за да ја комплетирате вашата онлајн продавница. Исто така, ако немате големи технички вештини во HTML, CSS и / или PHP, ќе мора да побарате веп девелопер.

Како и да е, open source кодот овозможува широка интеграција со портали за плаќање, сметководство, магацини, ERP и многу повеќе.

Имате пристап до 16-дневниот пробен период или плаќате веднаш.
Доаѓа со SSL сертификат.
Постојат десет теми (сите се бесплатни) достапни во администраторот. Можеби ќе ви треба малку познавање на HTML и CSS бидејќи прилагодувачот на темата нема функционалност за drag and drop.