SEO оптимизација – Зошто е важна за вашиот бизнис? (2019)

SEO– зошто оптимизација на интернет пребарувачот е важна за вашиот бизнис?

SEO, oптимизација на интернет пребарувачот, е важен дел за бизнисот од причина што овозможува потребна видливост која привлекува купувачи во време на оваа дигитална ера.
Дури 81% од купувачите и 94% од бизнисите прават онлајн истражувања пред да
преминат на чинот на купување на некој производ или услуга,
така што брендовите кои немаат силна онлајн присутност ќе се најдат позади своите конкуренти.

Силната стратегија за  SEO, оптимизација на интернет пребарувачот,
дозволува компаниите да ги позиционираат своите веб страни и нивните содржини
што повисоко при пребарувањата, користејќи релевантни клучни зборови така што на овој начин
ќе го привлечат вниманието на потенцијалните купувачи и ќе ги внесат во својот продажен тек.

Што е оптимизација на интернет пребарување- SEO?

SEO ја опишува стратегијата која брендовите ја користат за да ги направат
своите содржини повидливи на интернет пребарувачите.
Посетителите кои стигаат до сајтовите на овој начин
претставуваат природен сообраќај на истите.
Имено никој не ја знае единствената формула на Гугл,
па така екпертите во оваа област дефинирале неколку фактори кои влијат на рангирањето на веб страните.
Ние се повикуваме на овие фактори како стратегии и техники кои се користат за самата оптимизација.

Добро разработена стратегија ги вклучува и двете on-page и off-page SEO оптимизации.

On-page SEO  вклучува креирање на содржини поврзани со високовредносни клучни зборови
и последователна оптимизација на содржината за да бидеме сигурни дека
интернет пребарувачите знаат на што се однесува таа.
Ова бара посебно внимание на насловите, URL, кратките описи и позицијата на клучните зборови.

За Off-page SEO, содржината исто така ќе се поврзе со
соодветна содржина 
во и надвор од рамките на сајтот.
Компаниите треба да работат на стратегиите за привлекување
на позадински линкови 
кои презивикуваат „сообраќај“  и рангирање.
Вие може да го постигнете тоа преку промовирање на содржината на различни платформи,
како на пример објави на блог содржини, објави на содржини на социјални медиуми итн.

Гугл разгледува различни детерминанти на рангирањето на веб страните.
Тие настојуваат да пронајдат содржини релевантни на барањата на корисниците,
сакајќи да им достават нешто вредно.
Кога некоја содржина е вискорангирана шансите таа да привлече кликови и посети
на сајтот се поголеми од оние на нискорангираните.

30% од оваа маса најчесто припаѓа на прворангираната страна(содржина), а 12% отпаѓа на третиот на листата.
Само 2% од масата привлекуваат рангираните на деветата и десетата позиција.

Разликата помеѓу вискорангираните и нискорангираните содржини укажуваат  на тоа дека
брендовите треба да настојуваат на тоа да се искачат што е можно повисоко на листата.
Дигиталниот систем многу брзо се инкорпорира во секој дел на продажбата.
Дури половина од малопродавачите велат дека нивните клиенти иако последниот чинот на купување
го вршат во продавница, тие претходно прават истражување на интернет.
Компаниите треба да обрнат посебно внимание на процесот на оптимизација на интернет пребарување,
за да се осигураaт дека нивната видливост не е загрозена.

Денес делот за оптимизација на интернет пребарување- SEO
претставува критична компонента за успешноста на бизнисите онлајн.
Тие кои сакаат да се осигурат дека нивните компании имаат силна присутност
и се подготвени да генерираат модерни купувачи  треба да инвестираат
во вештините за оптимизација на интернет пребарување.