SEO - Аttracta - PlayDigital - Оптимизација за интернет пребарувачи
SEO attracta

SEO – Аttracta

 

 Што претставува SEO – Attracta?

SEO – Attracta е алатка кој нуди решенија за веб-страни во неколку категории, почнувајќи од оптимизација на пребарувачи, па се до е-трговија.
Оваа алатка може да овозможи најдобар систем за анализирање и промовирање на веб-страни што ќе придонесе за зголемување на самиот ранкинг и оптимизација кај пребарувачите.

Целта е да се подобрат перформансите на самиот сајт кај пребарувачите, и секако да се овозможат најдобрите алатки за градење на успешен бизнис на клиентите.

Преку партнерство со повеќе од 1700 компании што нудат веб-хостинг, Attracta претставува најголема SEO компанија во светот. Таа има регистрирано повеќе од 3.6 милиони вебсајтови и повеќе од 5 милијарди страни ги користат нивните алатки.
Секојдневно, само Гугл ажурира повеќе од 120 милиони страни преку нивната оригинална алатка за креирање.

Како функционира?


Attracta има една цел, a тоа е да го зголеми сообраќајот на веб-страните и функционира на едноставен и ефективен начин.

  1. Прво, софтверот го прегледува целиот веб-сајт, ги пронаоѓа сите посебни страни, и креира XML мапа на сајт и извештај на SEO.
    Не само што ги изготвува овие извештаи, туку и помага да се најдат и поправат сите SEO грешки што би можеле да постојат кај еден сајт.

  2. Таа XML мапа на сајт се доставува до XML интерфејсот на сите пребарувачи како што се Google, Yahoo, Bing.

  3. Последен чекор во овој процес е тоа што сите овие пребарувачи ја користат XML мапата на сајт за да донесат повеќе сообраќај на веб-сајтот преку вклучување на повеќе страни од тој веб-сајт во нивните резултати од пребарување.
    Резултатот што се постигнува е повеќе и поквалификуван сообраќај на дадениот веб-сајт и зголемен ранк.

Како може да ви помогне?

Без разлика дали имате нова веб-страна или сте веќе активни, без сомнеж Attracta ќе ви донесе сообраќај на вашиот сајт и ќе ви помогне во остварувањето на вашата крајна цел.
Со самото тоа што бројот на веб-страни постојано расте, се потешко е за компаниите да одржуваат сајт кој ќе се издвојува од другите и ќе претставува компетитивна предност.
Затоа функцијата на Attracta е да го зголеми сообраќајот и да ја претвори веб-страната од обичен сајт кој е изгубен во гужвата на пребарувачите, до сајт со зголемен и релевантен сообраќај.
Уште еден доказ за привилегиите кој ги уживаат корисниците на Attracta од зголемениот сообраќај и важноста на SEO алатките е и вклучувањето на Attracta во софтверот на cPanel.
Потпретседателот на операции на cPanel изјавил: “Секој веб-сајт има потреба од сообраќај и откако технологијата на XML мапа на сајт на Attracta ги покажа своите одлични перформанси, ја вклучивме како клучна на нашиот софтвер контролен панел.

Кои се предностите од користење на Attracta?

  • Загарантирана присутност во пребарувањата на Google, Yahoo и Bing.
  • Зголемен сообраќај преку тоа што Attracta целосно го прегледува веб-сајтот за да се осигура дека Google, Yahoo, Bing и другите пребарувачи ги имаат сите податоци кои се на сајтот, вклучувајки и страни кои не би можеле да се најдат преку нивните нормални процеси на пребарување.
  • Листа повеќе страни за пократко време и со тоа ја елиминира потребата за чекање на пребарувачите да ја пронајдат содржината помеѓу милиони други страни кои се натпреваруваат за да го добијат вниманието на корисниците.
  • Подобрување на ранкот на пребарување преку идентификација на SEO проблеми како што се дуплирани мета тагови кои пребарувачите можат да ги помешаат со страната.
  • Attracta е користен од веб-сајтови повеќе од било која друга SEO алатка.
  • Постоење на SEO Tips section составен од видеа и туторијали каде чекор по чекор се објаснети инструкции за сите аспекти на SEO, од почетно до напредно ниво.
  • Бесплатни SEO алатки кои се состојат од: проверка на црни листи на Google, алатки за линк билдинг, алатки за социјални мрежи, различни совети и туторијали за SEO.

Функционалности:

  • Креирање и подготовка на мапа на сајт за целиот вебсајт и преиодично поднесување до повеќе од 100 пребарувачи.
  • Проверка на црни листи на Google- потврдува дека сајтот не е класифициран од Google како злонамерен и штетен сајт или сајт што содржи вируси и со тоа да одбегне блокирање на резултатите од пребарување од пребарувачот на Google.
  • Поддршка на апликации- Attracta поддржува инсталирање на апликации на веб-страната со еден клик без никаква потреба да се промени кодот на самата страна. Неколку примери се Google webmasters, Google Analytics и SEO Toolbar.
  • Можност за заработка од веб-страната- постојат повеќе апликации кои овозможуваат да се заработат пари од самиот сајт преку pay-per-click рекламирање, како на пример апликациите VigLink и AdDollars.

Како заклучок што можеме да го донесеме е дека Attracta е светски SEO лидер, што може да ви помогне да привлечете релевантен сообраќај за вашиот веб-сајт преку сетот од алатки.