Услови за користење - PlayDigital

Услови за користење

Ако имате било какви прашања во врска со оваа изјава за приватност, за начинот на работа или Вашето искуство од оваа веб страница, можете да не контактирате на [email protected]

Краток опис на условите

  1. Забранет е било каков начин на СПАМ-ирање.
  2. Услугите на Плеј Дигитал не смеат да се искористуваат за нелегална трговија – продавање, купување или понудување и изнудување на било какви илегални работи, вклучувајќи пиратерија, илегални субстанци, оружје и др.
  3. Порнографски содржини се дозволени доколку ги задоволуваат условите за порнографија и не ги нарушуваат постоечките закони.
  4. Говор/јазик истакнат на веб страните или во домените кој поттикнува омраза и дискриминација на било каков начин не е дозволен.
  5. Било каква дистрибуција на материјал кој прекршува авторски права или права на регистрирани знаци е забранет и корисникот ќе биде одстранет веднаш штом биде забележан од администраторите на Плеј Дигитал.

6.Сите корисници доколку се смета дека ги злоупотребуваат услугите на Плеј Дигитал, или се поврзани со нелегални активности, се подложени на надгледување и контролирање од страна на овластени лица – администратори на Плеј Дигитал или пак надлежни лица од Владини институции.

  1. Плеј Дигитал т го задржува правото, но не е задолжен, да ги проверува и регулира содржините на своите клиенти, и доколку ги прекршуваат условите за користење, да ги отстрани корисничките сметки или пак да одбие доставување на услуги.
  2. Клиентите на Плеј Дигитал се согласуваат дека во било кој случај, нема да превземат никакви мерки спрема Плеј Дигитал.

Детален опис на условите

  1. Плеј Дигитал го задржува правото без претходно известување да ги измени условите за користење. Корисниците на услугите на Плеј Дигитал се должни без никакви ограничувања да ги прифатат новодоставените услови.
  2. Плеј Дигитал има право без никакви претходни известувања да ги суспендира, ограничи или исклучи/стопира услугите на клиентите кои ќе ги прекршат условите за користење на Плеј Дигитал или пак постоечките закони. Плеј Дигитал исто така го задржува правото на барање од надлежни Владини служби да ги достави информациите кои ги поседува за даден корисник доколку се установи дека тоа ќе помогне во процесот кој се води од надлежните служби. Во таков случај, Вие се согласувате дека во никој случај, без временски ограничувања, нема да го сметате Плеј Дигитал за одговорен.
  3. Вие се согласувате да во процесот при првична и сите останати дополнителни регистрации за користење на услугите на Плеј Дигитал т доставувате валидни и точни Ваши информации. Вие исто така се согласувате дека доколку постои промена на информациите барани во регистрацијата, навремено ќе го известите Плеј Дигитал.
  4. По исплаќање на долгот за користење на услугите или по активирање на Вашиот статус како клиент на Плеј Дигитал по основа на претходен договор, ќе Ви бидат доставени инструкции за користење на услугите. Инструкциите ќе ги вклучуваат Вашата лозинка и корисничко име. Ваша одговорност е доставените информации да ги чувате како доверливи и да не ги споделувате со никого. Вие исто така сте одговорни за сите активности произлезени од тоа корисничко име доколку не се воспостави поинаку. Вие исто така се согласувате да ги известите администраторите на МКхост [email protected] доколку забележите било какви сомнителни активности, oсобено за оние кои ги вклучуваат Вашето корисничко име и лозинка.
  5. Зависно од доставените или договорените услуги кои Ви се овозможени за користење, Вие се согласувате дека ќе ги почитувате поставените правила и нема да ги надминувате и преоптеретувате договорените спецификации, вклучувајќи количество на пренесени информации преку комуникациски канали (bandwidth), бројот на e-маил кориснички имиња, веб и е-маил простор достапен за користење и други. Доколку постои дополнителен договор со Плеј Дигитал за можни надминувања, Вие се согласувате истиот да го почитувате и да ги подмирите Вашите обврски како што е барано во договорот.
  6. Плеј Дигитал се согласува да прифати порнографски содржини доколку истите ги задоволуваат законските норми како на пример: наменета публика за порнографските содржини да е на возраст од или над осумнаесет (18) години, содржините да не вклучуваат материјали од лица помали од осумнаесет (18) години и друго. Клиентите се задолжуваат пред објавување на порнографски материјали дополнително да го проверат изворот како и податоците за истите. Плеј Дигитал не одговара за нарушување на законски норми од страна на клиентите и се согласува дека при затекнување на илегална содржина се обврзува истата во најбрз можен временски период да ја отстрани и да го суспендира клиентот без претходно известување.
  7. Вие како клиент на Плеј Дигитал услугите исто така се согласувате дека нема да доставувате или работите со нелегална содржина, или содржина која нарушува авторски или останати права, вклучувајќи, но не ограничено на дигитализирани аудио/визуелни фајлови, извршувачки фајлови, архивски фајлови и сите останати видови на фајлови и материјални средства. Вие исто така се обврзувате дека преку услугите на Плеј Дигитал нема да вршите никаков вид на илегална трговија на било какви легални или илегални средства.
  8. Вие сте обврзани при поставување на било какви податоци преку услугите на Плеј Дигитал, во обзир да ги земете локалните, државните и интернационалните закони и истите да ги почитувате.
  9. Плеј Дигитал исто така го задржува правото да преземе соодветни мерки спрема корисниците кои ќе ги искористат услугите на Плеј Дигитал за да дозволат пристап до нелегални содржини.
  10. Вие исто така се согласувате дека нема да загрозувате или собирате доверливи информации на други корисници, Плеј Дигитал или друго лице или организација. Корисниците исто така се обврзуваат да ги почитуваат правата на приватност на Плеј Дигитал, останатите клиенти Плеј Дигитал и сите инволвирани страни.
  11. Доколку услугите на Плеј Дигитал се користат за собирање на доверливи информации преку веб страни, корисникот на истите, се согласува дека е обврзан да постави соодветна полиса за приватност која на посетителите/корисниците на веб страната ќе им даде до знаење за постапката.
  12. Вие се согласувате дека нема да ги користите услугите за складирање или дистрибуција на злонамерни кодови, скрипти и било каков друг вид на злонамерен софтвер кој може да доведе до создавање на софтверски или хардверски грешки, намалување на брзината на работење на компјутерот, или на било каков начин да ја загрози сигурноста на системите на Плеј Дигитал т, клиентите или пак останати лица и организации.
  13. Се согласувате дека нема во никој случај да се обидете недозволено да пристапите до овластени и доверливи делови на останати корисници на Плеј Дигитал или на Плеј Дигитал.
  14. Вие, со користење на услугите на Плеј Дигитал, се согласувате да објавувате содржини кои нема да дискриминираат на било каков начин и нема да бидат навредливи.
  15. Вие се согласувате дека услугите овозможени од Плеј Дигитал нема да ги искористите за дистрибуција на несакана електронска пошта или било каков друг сличен материјал. Вие исто така се обврзувате дека IRC услугите ги користите според правилата дадени при првичната регистрација за користење.
  16. Плеј Дигитал го задржува правото да блокира, без претходно известување, внатрешен и надворешен пристап до е-маил адреси кои нема да ги почитуваат дадените услови за користење.
  17. Вие се обврзувате дека во никој случај нема да ги искористите услугите на Плеј Дигитал за лажни и измамнички активности.
  18. в со цел да им овозможи квалитетни услуги на своите клиенти доставува корисничка и техничка поддршка 24 часа во неделата. Доставувањето на оваа поддршка е самоиницијативно од страна на Плеј Дигитал и Плеј Дигитал не е задолжен истата да ја доставува 24 часовно.
  19. Користењето на хостинг услугите на Плеј Дигитал за IRC (Internet Relay Chat) е забрането и користење на услуги кои инволвираат IRC е дозволено само на посебните МКхост сервери и услуги кои го наведуваат и го дозволуваат тоа.
  20. Со користење на услугите на Плеј Дигитал, Вие се согласувате дека за било какви недоразбирања, непријатности и неспогодби кои можат да произлезат од користењето на услугите, Плеј Дигитал не е одговорен во ниеден случај.
  21. По истекот на временскиот период за Ваше користење на услугите на Плеј Дигитал, доколку сакате да го продолжите тој период, плаќањето се врши до или на денот кога тој рок истекува. По истекување на дадениот рок за користење или продолжување на договорот, Плеј Дигитал без никакво претходно известување ги суспендира или откажува понудените услуги. При овој процес може целосно да бидат избришани сите Ваши податоци и фајлови, логови, е-маилови, веб страни и др.
  22. За било каква штета настаната во вашиот бизнис поради моментално, делумно или целосно нефункционирање на услугите, Плеј Дигитал не презема никаква одговорност.
  23. При закупување на хостинг услуги од Плеј Дигитал се согласувате на создавање и чување на податоците на надворешен сервер Плеј Дигитал ќе зачува три (3) backup-и од вашите хостинг податоци во период од една година. Сите хостинг податоци се пребришуваат 365 дена од денот на нивно создавање.
  24. Плеј Дигитал не гарантира дека вашата содржина ќе биде вратена во првобитна состојба при случај на неавторизиран пристап (правење на промени во целост или на дел од содржините), човечка грешка (ненамерно бришење на податоците од сајтот) или настаната хаварија (откажување на одреден софтвер или хардвер на серверите на Плеј Дигитал што би предизвикало губење на податоците – дел или во целост).
  25. По барање на клиентот, Плеј Дигитал ќе овозможи услуга: враќање на податоци од надворешен сервер по цена од 1990 денари + 18%. Плеј Дигитал не ги рефундира средствата платени по претходно-споменатата услуга и не презема никаква одговорност доколку клиентот не е задоволен од состојбата на вратените податоци.
  26. Во случај на терминирање на хостинг услугите поради неплатен долг, доколку клиентот сака да ги преземе неговите податоците должен е да плати 1990 денари + 18% ддв за враќање на податоците, а доколку по терминирањето на услугите клиентот сака да продолжи со користење на услугите во Плеј Дигитал истиот е должен да ги подмири сите неплатени долгови и да плати дополнителни 1990 денари + 18% ддв доколку сака да му се вратат податоците кои ги имал на хостингот Плеј Дигитал нема да ги рефундира средствата платени по претходно-споменатата услуга и не презема никаква одговорност доколку клиентот не е задоволен од состојбата на вратените податоци.
  27. Во случај на подмирување на сите неплатени долгови во рок од 15 дена од страна на клиент со терминирани хостинг услуги, Плеј Дигитал по потреба на клиентот ќе изврши враќање на податоци од локален сервер и за истата услуга еднократно ќе наплати 990 денари. 
  28. Плеј Дигитал овозможува селективно враќање на одредени фајлови од локален backup и истата услуга се наплаќа еднократно и чини 990 денари.
  29. Плеј Дигитал гарантира две бесплатни враќање на целосен backup од локален сервер годишно, а секој нареден пат оваа услуга Плеј Дигитал еднократно ќе ја наплати 990 денари.
  30. Попусти за купување/обнова на одредена услуга не можат да се комбинираат. Доколку потенцијалниот клиент има во еден момент достапно повеќе можности за намалување (купон за попуст, постоечка промоција од страна на Плеј Дигитал и слично), може да се избере само едната.
  31. Доколку хостингот за било кој пакет е закупен на месечно ниво, миграцијата на хостингот (од друг хостинг провајдер во Плеј Дигитал, или од еден пакет на Плеј Дигитал во друг пакет закупен во Плеј Дигитал) се наплаќа 990 денари еднократно. Дополнителна поддршка која не е поврзана со серверски проблем се наплаќа 990 денари.
  32. Максималниот број на маил-ови испратени од домен во рамките на 1 час со закупена услуга во Плеј Дигитал е 250 пораки. Сите пораки испратени над оваа бројка нема да бидат испратени и ќе бидат во ред на чекање. Исто така доколку 40% од пораките кои што ги испраќате се невалидни и истите се враќаат назад или се одбиени од емаил серверите каде се обидувате да ги испратите постои заштита на серверско ниво за секој акаунт и овој лимит се ресетира на секој час. Сите пораки испратени над овој лимит нема да бидат успешно испратени.

За било какви прашања и информации во врска со условите за користење или услугите на
 Плеј Дигитал, контактирајте нѐ.