Зошто е важно да се поседува добар Веб-Хостинг? - PlayDigital
Веб-Хостинг

Зошто е важно да се поседува добар Веб-Хостинг?

Хостинг за е-трговија се однесува на платформа за Веб-Хостинг која служи на една Веб-Страна за електронска трговија. Таа вклучува карактеристики како што се услуги за обработка на плаќање, иницијативи за безбедност, SSL, софтвер за shopping колички и многу повеќе.

Постојат многу Веб-Хостови помеѓу кои може да избирате. Вистинскиот избор за вас зависи од обемот на продажба, сообраќајот на вашата страна и нејзината големина, буџетот и искуството со развој на Веб-Страни. Доколку се потпирате на вашиот Веб-Сајт да го носи приходот, тогаш би требало да апочнете од селектирање на вистинскиот Веб-Хостинг провајдер.

Она што една продавница ја прави вистински хит, е склоп на повеќе фактори. Добра брзина на Веб-Страна со можност за обем според зголемен сообраќај, сигурен портал за плаќање, shopping количка, безбедност на податоците за клиентите и backup можности претставуваат некои од тие фактори. Тоа се фактори кои придонесуваат за добра и стабилна е-продавница. На овие фактори на големо влијае квалитетот на хостинг услугата која сте ја израле и ја користите.

Поради несоодветниот избор на хост би можеле да се соочите со доста проблеми. Како некои од најважните ги издвоивме.

  1. Клиентите веднаш ќе напуштат страна која е бавна.

  • Во денешница каде постои потреба за инстатно задоволување на желбите и потребите на луѓето, бавно вчитување на Веб-Страна е неприфатливо.
  • Настрана од потрошувачкото искуство, Google, брзината на страната ја користи како фактор за рангирање. Доколку вашата страна има бавна брзина на вчитување, тогаш постои можност таа да не биде вклучена во индексот на Google.
  • Фирмата која го врши вашиот хостинг ќе се погрижи за обемот на посети кој го очекувате. Ова вклучува ненадејни зголемувања на сообраќај и други фактори како кеш меморија и Мрежи за Испорака на Содржина.
  • Кеш меморијата ги прави Веб-Страните побрзи со зачувување на податоците на страниците како нормална HTML-страница.
  • Мрежи за Испорака на Содржина е широко распространета група на сервери што ги држат достапните ресурси на вашата веб-страница. Ресурси како слики и медиумски датотеки, и работат во тандем за да се намали времето на вчитување на вашата веб-страница.
  1. Потрошувачите не сакаат да пристапат кон страни кои изгледаат не безбедно.

  • Иако скоро секој може да започне веб-страница за е-трговија, бизнисот треба да спроведе соодветни безбедносни мерки пред клиентите да можат да купуваат.
  • Сертификатите за безбеден приклучен слој (SSL) се мали датотеки зачувани на сервер кои ги криптираат податоците пренесени помеѓу вашиот компјутер и серверот на веб-страница.
  • Тие исто така обезбедуваат дигитален потпис за да се потврди користењето на веб-страницата. Идеални се за обезбедување пренос на податоци, трансакции со кредитни картички, па дури се користат за да се обезбеди прелистување на разни веб-страници на социјалните медиуми.
  • Доколку немате SSL сертификат, Chrome ќе ги предупреди гледачите пред да имаат можност да ја видат страницата што се обидуваат да ја отворат. Дополнително, SSL сертификат може дури и да ја забрза вашата веб-страница. Иако можеби се смета дека е скапо или комплицирано, вообичаено Веб-Хостот нуди шифрирање како дел од нивниот пакет.
  1. Не можете да си дозволите застој на Веб-Страната.

  • Доколку вашите клиенти не можат да пристапат во Веб-Страната, тогаш тие не можат да купуваат. Износот на изгубени приходи поради ова зависи од неколку фактори. Зависи од времето во денот, обемот на продажба, сообраќајот и бројот на луѓе на кои ова влијае.
  • Ако ова се случува прилично често, ќе се здобиете со лоша репутација. Всушност, застојот може дури и да го уништи вашиот онлајн бизнис.
  • Понекогаш, веб-хостинг услугите закажуваат планирано одржување, што може да предизвика нарушување на вашата страница. Но, непланираниот застој претставува поголема закана бидејќи може да потрае подолго за да се поправи.

Доколку сакате да лансирате сопствена онлајн продавница, би требало да пронајдете соодветен Веб-Хост или некој да ја заврши работата наместо вас. Сето тоа можете  да го најдете во понудата на PlayDigital, каде има понуда за Cloud Shared Веб-Хостинг и VPS кој што вам ви одговара.